„Едвај го чекаме натпреварот со Вардар, ќе сториме се за да победиме“

Ракометарите на Војводина на домашен терен во Нови Сад имаат голема шанса да триумфираат против Вардар во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата.

Во составот на Вардар за денешниот натпревар нема да настапат Кизиќ, Георгиевски, Талески, Стоилов, Гаџа, Мишевски, Чупиќ, Шеваљевиќ и Валчак. Во Нови Сад не отпатуваа ниту повредените, Димитар Димитриоски и Борко Ристовски.

Голманот на Војводина, Лука Арсениќ, истакна дека се надева на победа.

„Ова е нова шанса за нас да покажеме дека можеме да играме против еден од најдобрите европски клубови. Во моментов, ние сме во одлична форма и имаме голема самодоверба. Едвај го чекаме натпреварот со Вардар и ќе сториме се за да победиме”, изјави Арсениќ.

Натпреварот меѓу Војводина и Вардар се игра денес во Нови Сад со почеток во 17:00 часот.