Египет ги отвори вратите за гостите, Јапонците пристигнаа први

Домаќинот на Светското првенство, Египет од 13 до 31 јануари ќе пречека 31 земја кои ќе се борат за трофејот на 27. Мундијал. Организаторите веќе почнаа да го засилуваат темпото на работа, а од денеска веќе почна и пристигнувањето на репрезентациите.

Прва селекција која допатува во Египет е Јапонија. Репрезентативците на оваа земја ќе имаат неколку дена за аклиматизација, но покрај тоа ќе имаат и две контролни средби со домаќинот на СП, а истите се закажани за 5 и 7 јануари.

„Системот кој ќе го применуваме за време на турнирот обезбедува најдобри услови за изолација и карантин“, вели шефот на комисијата за сместување и логистика, Мамдух Ел Шестави.

Ова ќе биде голем предизвик со оглед на тоа што на шампионатот првпат учествуваат вкупно 32 репрезентации и ќе мора да се одговори максимално бидејќи ќе има и голем број на ракометари кои ќе допатуваат во Египет и ќе бидат дел од шампионатот.

Првенството се одржува во четири сали, но јасно е дека ќе мора сè под контрола.