Европското во Скопје со фудбалски шмек: Рафаел Ван Дер Варт на трибините во „Борис Трајковски“(ФОТО)

Натпреварите на последниот натпреварувачки ден на Европското првенство во Македонија, ги следеше и фудбалска легенда од Холандија. Рафаел Ван Дер Варт, некогашен фудбалер на Реал Мадрид, Ајакс, Хамбургер беше присутен на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ и ја бодреше Холандија во победата над Црна Гора.

Ван Дер Варт е сопруг на холандската репрезентативка Естевана Полман, но иако беше најавено дека нема дојде во Скопје, сепак тоа се случи. Полман за ЕХФ најави дека поради обрски со подготовките за светското фудбалско првенство Катар, нејзиниот сопруг нема да може да биде поддршка за неа и ќерка и во првиот круг. Сепак легендарниот фудбалер најде време и пристигна во главниот град на Македонија каде заедно со родителите на Полман и нивната ќерка ја бодрат Естевана Полман.

Во 2018 година ја заврши фудбалската кариера, а во моментов работи како асистент тренер во данскиот второлигаш Есбјерг.