Со натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се означува старт на 14 дена во кои ќе има интересни натпревари на меѓународна сцена, а во нив ќе се најдат шест екипи од домашна сцена.
Практично на терен ќе бидат две екипи во машка и четири во женска конкуренција кои ќе бидат во обид да дојдат до што е можно подобар резултат. Вардар има три дуели до крајот на овој месец, а после дуелот со Монпелје ќе следува натпревар на гостински терен против Алборг и уште еден на домашен против тимот на Кил.
Месецов на терен ќе бидат и ракометарите на Еурофарм Пелистер кои ќе имаат дуели од групната фаза во Лигата на Европа, а прво ќе го пречекаат Ним од Франција, додека потоа ќе му гостуваат на Кадетен Шафхаузен.
Кај дамите четири екипи ќе играат во европскиот куп. Чаир, Металург и Деспина своите дуели ќе ги играат на гостински терен, додека Вардар в сабота гостува во Приштина, а потоа следниот викенд ќе игра на домашен терен.
МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ ВО ЕВРОПСКИ КУПОВИ ВО ОКТОМВРИ
13 ОКТОМВРИ
20:45ч
ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ (Лига на шампиони)
16 ОКТОМВРИ
17:00ч
ПРИШТИНА – ВАРДАР (Европски куп, жени)
19:00ч
ЧАИР – Х 71 (Европски куп, жени)
ДУДЕЛАНЖ – МЕТАЛУРГ (Европски куп, жени)
17 ОКТОМВРИ
18:00ч
МЕТАЛУРГ – ДУДЕЛАНЖ (Европски куп, жени)
19:00ч
Х 71 – ЧАИР (Европски куп, жени)
19 ОКТОМВРИ
20:45ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НИМ (Лига на Европа)
20 ОКТОМВРИ
18:45ч
АЛБОРГ – ВАРДАР (Лига на шампиони)
23 ОКТОМВРИ
16:00ч
ДЕСПИНА – СКАРА (Европски куп, жени)
17:00ч
ВАРДАР – ПРИШТИНА (Европски куп, жени)
24 ОКТОМВРИ
14:00ч
СКАРА – ДЕСПИНА (Европски куп, жени)
26 ОКТОМВРИ
18:45ч
КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Лига на Европа)
27 ОКТОМВРИ
20:45ч
ВАРДАР – КИЛ (Лига на шампиони)