Европскиот шампион со ново засилување – доаѓа лево крило од Келце

Иако беше за очекување дека данскиот репрезентативец Каспер Мортенсен ќе продолжи да го носи дресот на Барселона, сепак тој повеќе не е член на европскиот шампион.

На негово место каталонскиот гигант го ангажираше Анхел Фернандез, левото крило што досега играше за полскиот Келце.

Шпанскиот репрезентативец по три сезони во Полска се враќа во татковината, каде што претходно настапуваше за Ла Риоха.

Покрај Фернандез, на левата крилна позиција ќе игра и Аитор Арињо, кој пропушти голем дел од минатата сезона.