Европа против светот: Четири убедливи победи на фаворитите со 100 гола разлика!

Ракометарките на Франција не дозволија изненадување и успешно го отворија Светското првенство откако без многу проблеми ја совладаа селекцијата на Ангола со 30:20. Ангола дваесетина минути парираше но потоа Франција рутински одработи за лесен триумф.

На полувреме беше 13:9, а во вториот дел со уште поубедлива игра еден од фаворитите за титулата ги запиша првите бодови. Паулета Фопа и Луси Грание со по четири гола беа најефикасни во тимот на Франција. Прв стрелец во тимот на Ангола беше Јулијана Мачадо со три погодоци.

Холандија немаше милост и го наполни голот на Порто Рико за прв триумф на првенството од 55:15. Фаворитот целосно ја оправда улогата, а овој натпревар им беше како полесен тренинг.

Уште на полувремето се беше решено кога Холандија водеше 23:6, а во продолжението само го полнеа протовничкиот гол за убедлив триумф. Најефикасни во тимот на Холндија беа Кели Волебрегт и Бо Ван Ветеринг со по осум погодоци.

Русија немаше тешка задача, на стартот на првенството лесно и убедливо ја совлада репреентацијата на Камерун со 40:18. На полувреме Русинките има 17:10, а во вториот дел одиграа поубедливо за лесен триумф.  Најефикасна во репрезентацијата на Русија беше Јулија Маркова, а по четири гола постигнаа Манагарова и Скоробогатченко. Во составот на Камерун се истакна Калтуме Еко со четири гола.

Романија беше убедлива против Иран и забележа победа без поголеми проблеми од 39:11. Иран во првито дел постигна само три гола и веќе се беше решено кога Романките водеа 20:3. Продолжението беше формалност. Елена Николета Динка беше најефикасна со шест гола во тимот на Романија, а Мина Ватанпараст постигна шест гола за Иран.

Интересен факт е тоа четирите европски селекции покажаа моќ против неевропските репрезентации и вкупната гол разлика е (164-64) +100 на страна на нашиот континент.