Ду Риц одигра добар турнир, но одлучи да се врати на студиите

Ракометарот од Шведска кој се вклучи во составот на Рајн Некар за Ф4 турнирот во Лигата на Европа, Ким Екдал ду Риц останува интересен за јавноста откако се најде во тимот после долга пауза.

Ду Риц пред 15 месеци се повлече од активното играње по вторпат и во моментов студира во Хонг Конг. Сепак, во моменти кога е на одмор одлучи да ја прифати понудата од клубот каде мина добар период од кариерата и да помогне.

„Мене не ми беше јасно дали можам адекватно да играм на ова ниво после 15 месеци пауза. Сакав да видам како ќе се чувствувам и физички и психолошки. Благодарен сум му на клубот за можноста која ми ја даде да бидам дел од овој интересен предизвик“, вели Ду Риц.

Меѓутоа ова нема да го премисли во намерата да биде далеку од ракометот и да се посвети на приватниот живот.

„Нема да се вратам на професионалниот ракомет. Планирам да се вратам во Хонг Конг каде што ќе го почнам третиот семестар во септември. Во меѓувреме имам уште три месеци одмор“, изјавува Швеѓанецот.

Во полуфиналето против Фуксе Берлин, Ду Риц немаше погодоци, а имаше само еден шут. Против Висла Плоцк во мечот за 3. место постигна пет гола од шест шута, а имаше и едно исклучување.