Душебаев: Штербик е „чудовиште“…

Оваа сезона е последна за големиот Арпад Штербик, а неговиот печат кој го остави во европскиот и светски ракомет ќе остане долго запаметен во ракометната историја.

Штербик успеа да освои многу титули во сите натпреварувања, а сите кои имале контакт со него имаат само убави зборови. Тренерот на Келце, Талант Душебаев не штедеше пофални зборови за Арпад.

„Арпад е „чудовиште“, роден победник, голем играч за клучни натпревари. Јас многу го сакам и жално е што треба да се пензионира на ваков начин можеби без да се збогува од терените заради коронавирусот. Тој е еден од најдобрите голмани во историјата, тешко е да се каже најдобар бидејќи е во различно време од Лавров, Свенсон, Олсон…Освоивме многу титули и беше навистина луксуз да го имаме со нас“, коментираше Душебаев.

Штербик во својата кариера со две репрезентации има освојувано медали од големите натпреварувања. Бронзени медали со Југославија во 1999 и 2001 година на светските првенства. Додека со Шпанија бил и светски и европски шампион.