Душебаев се сеќава на првото славје во Келн: Трофејот со Вардар беше многу посебен!

Од утре Келн и „Ланксес Арена“ ќе бидат домаќини на четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Покрај ПСЖ, Магдебург и Барса, тука ќе биде и полскиот Келце предводен од Алекс Душебаев, кој веќе го подигна трофејот со Вардар во 2017 година.

Тој во интервју за ЕХФ се потсети на таа година.

„Тој трофеј беше многу посебен, игравме фантастичен ракомет во Лигата на шампионите и бевме аутсајдери таа година“, вели Душебаев.

Покрај Алекс Душебаев, во Келн ќе бидат Раул Гонзалес, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, кој исто така беа дел од шампионската генерација во 2017 година.

Во 2019 година кога Вардар вторпат стана европски првак, во ростерот беа повторно Карачиќ, како и Даинис Кристопанс, кој сега има шанси да го стори истото со францускиот ПСЖ.