Душебаев: По натпреварот со Нант се чувствував како да ме прегазил воз

Екипата на Келце немаше многу среќа во осминафиналето од Лигата на шампионите и за противник го доби незгодниот тим на Нант од Франција.

Полскиот шампион на првиот натпревар забележа триумф од 25:24, додека на реванш натпреварот не успеа да оствари поволен резултат и беше поразен со 34:31.

По елиминацијата на Келце, тренерот Талант Душебаев се чувствувал во лоша состојба, немал сон околу една недела, но исто така бил разочаран и по последниот натпревар од групната фаза каде Келце беше поразен од Фленсбург во борба за првата позиција на табелата.

„После натпреварот со Фленсбург бев многу разочаран, но се надевав дека ќе излезам од кризата. Ние одевме по потешкиот пат, налетавме на Нант во осминафиналето, доколку го поминевме Нант следуваше Веспрем. Но, минатата среда после натпреварот со Нант се беше завршено. Не можев да спијам една недела, се чувствував како да ме прегазил воз. Само денес на тренинг, почнав малку да имам насмевка на мојот израз”, изјави Душебаев.

По елиминацијата во Лигата на шампионите, Келце продолжи со настапите во домашниот шампионат.