Душебаев за Ентрериос и Морос: Овие момци за мене ќе бидат секогаш шампиони

Репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио, а ова беше голем момент за дел од репрезентативците на Шпанија кои се збогуваат со националниот тим.

После овие игри свој коментар има и поранешниот вардарец, Алекс Душебаев кој им укажа голема чест на своите искусни колеги.

„Ова беше посебен настан за мене особено за ветераните во тимот. Од почетокот на турнирот сонувавме за злато, но бронзата е минимумот што го заслуживме.За мене овие момци се шампиони секој ден. Само сакам да им се заблагодарам за сè. Тие дадоа огромен придонес за нашиот ракомет. Беше големо задоволство да се игра со нив. Ние сме едно големо семејство“, вели Алекс Душебаев.

Инаку, Ентрериос на Олимписките игри ја заврши својата кариера, додека Морос најверојатно повеќе нема да настапува за репрезентацијата.