Дрогришки: Имаме капацитет да се надигруваме со сите екипи

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашкото друштво.

Средниот бек Стефан Дрогришки смета дека битолчани имаат капацитет да се надигруваат со сите екипи во плеј-офот.

„За нас голем плус е пласманот во плеј-офот. Натпреварите ќе ни дозволат да растеме како играчи. Јас сум можеби поискусен, но има и млади ракометари на кои овие дуели ќе им бидат од големо значање за понатамошен развој. Мислам дека овој тим има капацитет да се натпреварува со најдобрите екипи. Треба да работиме во подобрување на некои сегменти со што би биле подобар противник за нив. За нас е задоволство и уживање да се натпреварување со екипи како Вардар и Еурофарм Пелистер, кои се во врвот на европскиот ракомет“, вели Дрогришки.

Битолчани ќе се борат за титулата против Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург, Струга, Охрид, Пролет и Бутел Скопје.