Државна спортска пензија за Начевски и Николов!

Агенцијата за млади и спорт денеска имаше прием за судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Дииректорот на АМС, Наумче Мојсовски им се заблагодари за тоа што двајцата го давале и се уште го даваат за ракометот, спортот и државата.

Начевски и Николов пред десетина дена го судеа олимпиското финале меѓу Франција и Данска, а беа арбитри и на Суперкупот и на Струшкиот турнир.

„Се надевам дека многу спортисти и професионални работници кои се во спортот ќе ги следат нивните чекори. Нашата држава во Токио ја претставија на најдостоинствен начин и го судеа финалето, со тоа, можам да кажам дека освоија златен медал и покажаа дека ракометот е спорт еден во нашата држава“, изјави Мојсовски.

Покрај признанијата, АМС објави дека Начевски и Николов наскоро ќе добијат државна спортска пензија како заслужни спортски работници, но во меѓувреме се работи на измената во законот за истата.