Драчево со полн плен од гостувањето кај Аеродром

Ракометарите на Драчево стигнаа до триумф на гостувањето кај составот на Аеродром со 27:32 во 13. коло од прволигашкиот плеј-оф.

Со овој триумф, избраниците на Велимир Настески oстанаа во трка по првите две места што носат шанса за место во Суперлигата, барем до одигрувањето на натпреварите на Скопје 2020 и Шампион.

Драчево немаше поголеми проблеми за да дојде до победа кај Аеродром. Уште на крајот од првото полувреме имаше резултат кој гарантираше три бода од ова гостување. Водството од 16:11 беше доволно да може да се одигра мирно во продолжение и да се дојде до победа.

Тимот на Драчево имаше контрола и од гостувањето кај Аеродром се враќа со три поени така што има уште малку надеж дека може до едно од двете места иако ќе мора да се почека како ќе одиграат ривалите.

Инаку, најефикасен во редовите на Драчево беше Ангелов со седум гола, додека во редовите на Аеродром, Ефтимов заврши со десет погодоци.