Драма покрај езерото – Охрид и Бутел Скопје си поделија по бод!

Ракометарите на Охрид и Бутел Скопје одигра неизвесен натпревар до самиот финиш во рамки на 2. коло од плеј-офот од Супер лигата во салата Билјанини извори во Охрид кој после голема борба и драматична завршница заврши без победник 25:25.

Бутел Скопје подобро го отвори дуелот и го имаше почетното водство од 2:4, Охрид за момент успеа да израмни но гостите веднаш го вратија водството. Во продолжението Бутел Скопје го контролираше резултатот и го диктираше темпото на играта.

После 15 минути игра резултатот беше 5:9, истата разлика од четити гола беше на семафорот и во 20. минута кога Бутел Скопје водеше 8:12. До крај на првото полувреме Охрид немаше одговор на играта на противникот и замина на паузата со негатива од три гола, 14:17.

Во вториот дел охриѓани со поквалитетна игра успеаја да стигна до израмнување и да го преземат водството во 51. минута кога беше 22:21. Натпреварот влезе во неизвесна завршница, а на крајот и Охрид и Бутел Скопје имаа можност за победа но не успеаја да ги реализираат последните напади и мечот заврши без победник.

Најефикасни во тимот на Охрид беа Филип Николов и Мице Шилегов кои постигнаа по шест погодоци, додека Мартин Манасков беше стрелец на пет погодоци. Во составот на Бутел Скопје прв стрелец беше Мирко Мајиќ со девет погодоци.

26 март 2022
25 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 март 2022 13:40 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 26,03,2022 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1425Реми
БУТЕЛ1725Реми

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек02
7Владимир Наумоски-00
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек06
11Мице Шилеговдесно крило06
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
14Михајло Младеновиќлев бек00
19Иван Тасескипивот10
21Филип Грубор-02
24Мартин Манасковлев бек25
34Мартин Ивановскицентрален бек04
35Николче Ристескилево крило00
55Христијан Димитриескипивот00
 Вкупно 325

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревскилев бек00
6Јовица Младеновскилев бек01
7Томче Стојановскилев бек20
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек02
10Марко Митевцентрален бек02
14Бојан Спасовскипивот20
15Златко Мојсоскидесно крило03
17Бојан Спасовскидесен бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот04
34Кристијан Василевскипивот00
64Мирко Мајиќлево крило09
94Денис Тотдесен бек14
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 525

Officials

Делегат:Судии:
НАЧЕВСКИ ДРАГАНМЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090