Драма во Гевгелија – Партизан во последната минута спаси бод против Македонија ЃП

Дерби натпреварот во рамките од плеј-аут групата од Првата лига помеѓу Партизан и Македонија ЃП заврши без победник, 29:29.

Како што се и очекуваше од самиот натпревар, првото полувреме помина во израмнета борба. И двете екипи имаа свои моменти, но ниту една од нив не можеше да дојде до водство поголемо од два разлика во првиот дел. По големата борба во првите 30 минути, резултатот на полувреме беше нерешен, 13:13.

Во вториот дел, Македонија ЃП ја подобри својата одбрана и дојде до долго очекуваното водство од три разлика, 14:17. Екипата на Партизан не се предаваше и заостануваше на два гола негатива во 40. минута. Во последните петнаесетина минути, Македонија ЃП константно беше во предност, но во последните минути, Партизан со серија од 5:0 израмни на 27:27 и најави интересен финиш.

Во последната минута, Македонија ЃП преку Неделковски постигна гол за 28:29, но брзо вратија домаќините за 29:29. Време за голови повеќе немаше, а гостинскиот тим од Скопје мораше да го прифати денешниот епилог.

Во составот на Партизан најефикасен беше Тодор Узунчев со седум гола. На спротивната страна, Боби Неделковски беше најефикасен со 11 гола.