Драматичен финиш – Битолчани донесоа триумф за Струга во Битола

Тимот на Струга славеше во драматичен финиш против Еурофарм Пелистер 2 во пријателскиот натпревар со 22-23.

Ослабениот домаќин без Стефан и Јован Талевски, Арсеновски, Стоилевси и Кузманоски, сепак цело време беше во игра за позитивен резултат.

По првиот дел беше 10-10, а победникот беше одлучен во последната минута. Битолчанецот Рајатоски погоди за водство на Струга, а потоа уште еден битолчанец кај гостите – Мартин Јовановски, го одбрани ударот на домашните за реми.

Најдобри стрелци кај домашните беа Петровиќ и Дрогришки со по шест голови, а кај гостите Ракоција даде пет, а Илиевски четири гола.