Драматичен старт на СЕХА: Нексе имаше плус шест во финишот, но се спасуваше против Војводина

Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице оствари драматична победа над српскиот шампион Војводина на домашен терен со 24-23.

Домашните ја имаа предноста во текот на целиот натпревар, но на крајот можеа да останат без заслужената победа.

Во 52. минута Нексе водеше со 24-18, но гостите од Нови Сад ја топеа предноста и на дваесетина секунди до крајот намалија на 24-23.

Избраниците на Хрвоје Хорват се сплеткаа во последниот напад, но голманот Цар го одбрани шутот на Вуковљак и победата остана во Нашице.

Најдобри стрелци кај Нексе беа Јагањац со седум и Кевиќ со шест голови, додека голманите Радовановиќ и Цар собра девет интервенции. Кај Војводина се истакна Прибак со пет голови.