Драган Кузманоски нов тренер на Кичево

Поранешниот тренер на Кале Кичево, Драган Кузманоски ќе го предводи машкиот тим на Кичево во продолжение на сезоната откако дојдедо договор меѓу стратегот и раководството на клубот.

Тој ќе биде засилување на клупата на кичевци така што ќе се очекуваат и подобри резултати во продолжение од сезоната.

Кузманоски е тренер кој зад себе има добри резултати со тимот на Кале Кичево бидејќи со овој клуб стигна до 2. место во време кога Кометал Ѓорче Петров доминираше во македонскиот женски ракомет.

Кичево игра во Групата Б од Првата машка лига, а после пет кола има две победи, едно реми и два порази.