До лани беше дел од Вардар, а сега оди со Дибирова во Ростов Дон

Хрватот Даниел Јуришиќ, кој до минатата сезона се грижеше за физичката подготвеност на ракометарите на Вардар, има нов клуб.

Јуришиќ ќе биде дел од новиот стручен штаб на рускиот Ростов Дон, каде што нов тренер е Ирина Дибирова. Хрватот беше дел од „црвено-црното“ семејство подолго време.

Заедно со нив ќе работат некогашниот репрезентативец на Русија, Дмитри Ковалев и Виктор Шпонко.

Ростов Дон создава конкурентен тим и ќе се обиде следната сезона да ја врати титулата кај себе, откако сезонава ЦСКА Москва беше најдобра.

Покрај новиот стручен штаб, Ростов Дон веќе промовираше дел од засилувањата – голманката Грацкевич, како и бековите Амелченко, Ганичева, Кирдјашева и Шапошникова.