Дојава за бомба направила проблем, рускиот селектор едвај стигнал во Москва!

Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ се соочи со проблем при пристигнувањето на собирот на репрезентацијата.

Имено, на денот на собирот, Петковиќ задоцнил поради проблеми со транспортот. Причината била застојот поради дојава за можна бомба во авионот.

„Патот беше навистина долг. Во Белград чекав лет повеќе од четири часа поради дојава за бомба во авионот. За среќа се покажа дека не е вистина, но на крајот во Москва пристигнав со големо задоцнување. Тука исто така изгубивме многу време во проверката на сите потребни документи. Потребен беше навистина голем напор, но јас ја разбирам ситуацијата. Во понеделникот вечерта пристигнав во Новогорск, се одморив и сега сум спремен за работа“, изјави Петковиќ во интервјуто за сајтот на Рускиот ракометен сојуз.

Собирот на репрезентацијата на Русија ќе трае до 17 април, по што во Новогорск ќе биде женската репрезентација на Русија.