Домаќинот пред Мундијалот го смени селекторот

Поранешниот асистент на Карлос Вивер, Хозе Игнасио Прадес, ќе ја предводи женската репрезентација на Шпанија на Светското првенство во декември.

Карлос Вивер поради клупски обврски со Рапид Букурешт мораше да ја напушти селекторската функција. Ракометната федерација на Шпанија својата доверба за нов селектор ја даде на искусниот Хозе Игнасио Прадес.

На клупски план, Прадес ја предводи екипата на Атлетико Гуардес со која во 2017 година стигнаа до шампионскиот пехар во шпанското првенство.

Светското првенство оваа година ќе се одржи во периодот од 1 до 19 декември. Шпанија како домаќин има големи шанси да стигне до историски успех по пропуштената прилика за освојување на златниот медал на минатото Светско првенство во Јапонија, 2019 година.