Додиќ и Младеновиќ го засилија Аеродром – Мите Стоилов им ја наполни мрежата со 18 гола

Во 12. коло од групата 2 во Првата машка лига екипата на Младост Богданци оствари нова победа овој пат над екипата на Аеродром. Пред своите гледачи тимот од Богданци славеше во ефикасен меч со 38:36. Ниту најновите засилувања во тимот на Аеродром не помогнаа да избегнат пораз на ова гостување.

Гостинската екипа во поголемиот дел од првото полувреме беше во водство, имаше највисока предност од три гола а на полувреме отиде со минимални 18:17. Младост бркаше негатива и на почетоткот на второто полувреме.

Домашните успеаја да стигнат до израмнување на 24:24, потоа го преземаа водството и се одлепија на три гола предност. До крајот имаа контрола на резултатот и се држеа на безбедно растојание кое Аеродром не можеше да го достигне и запишаа нови три бода.

Митко Стоилов имаше одлична партија во тимот на Младост Богданци и постигна дури 18 погодоци и беше најзаслужен за победата, втор стрелец во тимот беше Саше Михајловиќ со шест гола. Во екипата на Аеродром засилувањата од Металург беа најефикасни, Додиќ погоди 13 пати, а Младеновиќ беше прецизен 11 пати.

Со оваа победа составот на Младост Богданци е на третата позиција во групата 2 и ги одржува шансите за плеј-оф и борба за пласман во Супер лигата.

MЛАДОСТ БОГДАНЦИ – АЕРОДРОМ 38:36 (17:18)

Сала: Млаз во Богданци. Гледачи: 500. Судии: Христовски Војо и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Кимов, Паунков, Попов, Демерџиев, Шарланџиев 1, Павиќ, Демерџиев, Фиданов 2, Михајловиќ 6, Николовски, Тачевски, Динов 5, Роглев 5, Василев 1, Стоилов 18, Лукич.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 20 мин.

АЕРОДРОМ: Трајчевски, Ивановски, Додиќ 13, Лефковски 4, Шумовски, Стевановски 1, Блажевски, Маркудов 2, Павличковски, Стојановски, Пешевски, Младеновиќ 11, Блажевски, Спасовски 2, Стојчевиќ 3, Танев.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 16 мин.