Добро издание на Пешевски, важен триумф на Штутгарт

Ракометарите на Штутарт каде што настапува репрезентативниот пикер на Македонија, Жарко Пешевски имаа добар настап во 20. коло од Бунес лигата и славеа победа на гостувањето кај Лајпциг со 25:23.

Натпреварот беше неизвесен во текот на сите 60 минути, Штутгарт во најголемиот дел имаше предност, но тоа беше еден или два гола. Лајпциг постојано го напаѓаше водсвото на противникот, но најмногу што направи беше да стигне до израмнување во неколку наврати.

На полувремето Пешевски и колегите имаа водство од два гола, 12:10. Вториот дел продолжи со игра гол за гол до завршните моменти од мечот кога Лајпциг успеа да израмни на 22:22. Сепак, гостинскиот тим подобро се снајде во завршницата и стигна до победата.

Жарко Пешевски имаше солидно издание на овој натпревар, од четири удари кон противничкиот гол постигна три гола. Со оваа победа Штутгарт скокна од 14. на 11. место на табелата. Во следното коло Штутгарт ќе има шанса да продолжи со добрите резултати кога на домашен терен ќе ја пречека екипата на Балинген.