Добри десет минути на Македонија за плус четири на одмор против Чиле (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија има позитива од четири гола после првите 30 минути и резултат од 16:12. Подобрата игра од 15. до 25. минута ја донесе оваа предност која на крајот донесе предност на паузата.

Од почетокот на средбата се влезе во ритам во кој немаше поголема предност ниту за едната ниту за другата репрезентација. И Македонија и Чиле влегоа мирно во натпреварот, така што се оставаше на голманите да решат кој може да биде поблизу до триумф на овој дуел.

Македонија беше во постојана предност. Имаше грешки, но успеваше да биде во позитива, која противникот успеваше да ја неутрализира и да израмнува без проблеми во првите 15 минути од средбата.

Никола Митревски беше ракометарот кој правеше разлика на теренот бидејќи многу брзо успеа да собере пет интервенции. Сепак, во нападот не се користеше најдобро и тоа го оставаше составот на Македонија во предност.

После 15. минута дојде до мало консолидирање во нападот откако беше искористено она што беше претходно направено во одбраната. Пет минути подоцна се дојде до плус четири, 12:8, а потоа во 24. минута првпат и плус пет, 14:9 така што се гледаше разликата во играта пред сè во одбраната. Највисоката предност во првиот дел беше шест гола, 15:9, но тука како да дојде до мало опуштање. Имаше две загубени топки и еден шут во статива, па противникот со серија од 3:0 успеа да намали во завршницата на првото полувреме.

Македонија – Чиле (втор натпревар)

Најефикасни во Македонија со по три гола се Поповски и Пешевски, додека по двапати прецизни беа Талески и Костески. Во репрезентацијата на Чиле најмногу погодоци после првиот дел од средбата има Фојхтман, кој погоди четирипати.