Добри вести од Германија, двајца играчи на Хановер негативни на тестот за корона

После неколкуте позитивни случаи на коронавирус со играчи кои настапуваат во Бундес лигата, двајца од ракометарите добија добри вести однсоно дознаа дека се негативни.

Се работи за репрезентативци на Германија кои се дел од екипата на Хановер. Станува збор за Фабијан Бем и Тимо Кастенинг.

„Задоволни сме што не се заразени со коронавирусот. Сепак, сите ракометари кои се дел од Хановер мора да ги почитуваат првилата и заштитните мерки кои се утврдени од надлежните. Нашите ракометари се придржуваат до индивидуалните планови за тренирање. Останува да почекаме да видиме кога ќе можеме одново заедно да тренираме“, вели спортскиот директор на Хановер, Свен Кристоферсен.

Инаку, Бем и Кастенинг мораа на тест откако беа дел од репрезентацијата на Германија на тренинзите во Ашерлебен, каде што Јаник Колбахер беше позитивен на тестот за корона.