Добра ждрепка за „македонскиот“ Ваљадолид – против Синфин на Ф8 во Купот на кралот

Шпанската федерација ги објави деталите за завршниот турнир во „Купот на кралот“ што ќе се игра од 5 до 7 мај.

Тимот на Ваљадолид, каде што играат Македонците Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски во четвртфиналето на Ф8 ќе игра против Синфин Сантандер.

Доколку Ваљадолид го мине ривалот, во полуфиналето го чека победникот од дуелот меѓу Логроњо и Кангас.

На другата страна од ждрепката е фаворитот Барселона, која ќе игра со Торелавега, додека Адемар Леон ќе игра со Гвадалахара.

Натпреварите од завршниот турнир ќе се игра во Сантандер.