Добар бизнис: Келце ги потпиша Скубе и Ламбросо за ич пари, а за нив заработи 270.000 евра!

Полскиот првак Келце од двајца ракометари минатата и оваа сезона заработи дури 270.000 евра, а немаше никакви трошоци за нив.

Претседателот Бертус Сервас очигледно има добар осет за бизнис и очигледно ја предвидел кризната сезона, па парите од оштетата за Сташ Скубе и Јоав Ламбросо дојдоа добро во клупската каса.

Келце минатата сезона потпиша голем број на играчи, играчкиот кадар имаше ракометари за два тима, а дел од нив ги продава без да заиграат за полскиот клуб.

Таков беше случајот со екс вардарецот Сташ Скубе, кој за 200.000 евра се пресели во францускиот Монпелје и нема да за игра за Келце, додека за Јоав Ламбросо португалската Бенфика плати 70.000 евра оштета.

Недим Ремили исто така се пресели во Веспрем за висока оштета, во меѓувреме Келце доби и нов генерален спонзор, па нема да има проблеми за Келце и Сервас.