Дмитриева: Грешките во ракометот може да се поправат брзо, но во фудбалот…

Ракометарката на ЦСКА Москва која настапува на позицијата среден бек има интересно размислување за она што се случуваше на Европското првенство во фудбал со нејзините сонародници.

Воедно прави и споредба на двата спорта во делот на тоа колку брзо може да се поправи една грешка и каде шансите да се извади за направеното се поголеми. Неуспехот на Русите на фудбалското ЕП се уште е топ тема во нивната држава.

„Во спортот е невозможно да одиграте без да направите грешки. Тоа е сосема нормална работа. Таква беше и ситуацијата со фудбалерите. Дали можеа да одиграат подобро против селекцијата на Данска? Мислам дека можеа. Доколку го земете на пример Зобнин кој имаше грешни додавања. Сите веднаш почнаа да го напаѓаат, да се подбиваат со него поради платата која ја зема. Но, како да се одигра без грешки. Ако го споредиме фудбалот со ракометот, тогаш ќе видиме дека се работи за два спорта во кои грешките се поправаат сосема поинаку. Во ракомеотт можете во следните неколку минути со неколку успешни акции да поправите дел од грешките. Сепак, и покрај ова фудбалот останува најмасовниот и најпопуларниот спорт кај нас и затоа предизвикува силна реакција и толку многу емоции. И покрај ова мислам дека во скоро време сите ќе заборават за овој неуспех“, коментира Дмитриева за „Брз Центар“.

Таа беше дел од репрезнетацијата која пред пет години го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а ќе биде и сега кога во Токио ќе треба да се брани првото место.