Дисингер: Технички најмногу напреднав во Вардар

Германскиот интернационалец од Вардар, Кристијан Дисингер по долго време се враќа во националниот тим.

Тој пред девет години со кадетската репрезентација на Германија стана светски првак и беше избран за МВП на СП, но неговата кариера не се разви во добар правец. Имаше долги паузи поради повреди на лигаментите, а ги носеше дресовите на Кадетен, Атлетико Мадрид и Кил, пред да дојде во Вардар.

Со Вардар стана европски шампион, а сега би требало да биде еден од предводниците на германската селекција во Египет.

„Во смисла на ракометна техника најмногу напред во Вардар“, вели Дисингер на стартот на интервјуто за сајтот на ЕХФ.

Германскиот бек шутер досега има одиграно 19 натпревари со националниот тим, а откако ја пропушти последната акција, сега ќе го има камбекот.

„Убаво е по долго време да се вратам на тренинг на националниот тим. Мнгу работи ми се нови, но се уште познавам поголем дел од играчите. Резултатите на тимот е она што се брои, мојата улога не ми е важна и ќе се подредам на тимот. Она што ми фали е чувството за ракомет, брзите акции…Исто како кога на лето си на пауза пред подготовки за новата сезона. Никогаш не било прашање дали сакам да играм пак за националниот тим, но никогаш не беше вистинското време за камбек“, заврши Дисингер.

Германија ќе игра во Групата А од Светското првенство во Египет заедно со Унгарија, Уругвај и дебитантот Зеленортски Острови.