Димов и Андоновски остануваат во Пролет

Екипата на Пролет, која сезонава играше во плеј-аут во Суперлигата, ги продолжи договорите со двајца ракометари, десното крило Мартин Димов и средниот бек Ласко Андоновски.

Андоновски игра во Пролет од 2012 година и комплетира вкупно десет сезони, а ја продолжи верноста и за следната.

„Чест ми е и задоволство што и после десет години соработка ќе продолжам да го носам дресот на Пролет, клубот во кој ги доживеав најубавите моменти од мојата кариера. Очекувам навистина успешна следна сезона согласно и амбициите, името и реномето на овој клуб кои ги ужива во македонскиот ракомет“, изјави Андоновски.

Десното крило, 24-годишниот Мартин Димов, пак, зад себе остави квалитетна сезона по која сега следи продолжување на договорот за уште две години.