Димитровски: Можеме да победиме со четири или повеќе гола

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го очекува реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против австрискиот тим Алпла Хард.

Левото крило Иван Димитровски вели дека грешките од првиот натпревар ќе бидат елиминирани и дека може да слават со доволна разлика за пласман понатаму.

„Искрено се надевам дека со помош на публиката ќе го добиеме ривалот од Австрија. Првиот натпревар таму го загубивме на наши грешки, ќе ги коригираме, направивме анализа на противникот и мислам дека може да славиме со четири или повеќе голови. Треба да ја играме нашата игра, да не мислиме многу на противникот и да ги добиеме во Битола, па да обезбедиме место во второто коло“, смета Димитровски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот.