ОФИЦИЈАЛНО: Димитар Димитриоски потпиша за Ваљадолид

Средниот бек на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски, во новата сезона ќе има прв интернационален предизвик. Како што најави 24Ракомет, прилепчанецот се сели во Асобал лигата и ќе настапува за еден од најпознатите шпански клубови, Ваљадолид.

Димитриоски, кој освен на средната бековска позиција, може успешно да покрива и на лево крило, по одличните настапи за битолскиот клуб, си обезбеди трансфер во Шпанија.

Првите ракометни чекори, Димитриоски ги направи во Металург, со кој ја освои титулата во Купот на Македонија во 2019 година, а потоа две сезони ги бранеше бите на Вардар, со кој освои двојна круна пред да се пресели во Битола. Со младинската репрезентација на Македонија играше на СП во 2017 година.

Во Ваљадолид тренер е Давид Писонеро, кој ги познава квалитетите на Димитриоски, од времето кога беше тренер на Вардар.

Шпанскиот тим што има европски трофеј од Купот на победниците на Куповите во сезоната 2008/09, а има играно и финале во ЕХФ Купот (1998/99) и во Челинџ Купот (1999/00). Во Ваљадолид своевремено настапуваа и Роберто Гарсија Парондо, Раул Гонзалес, Чема Родригес…

Димитар Димитриоски се сели во Асобал лигата!