Димитриевски со одлична партија, Синфин до прва победа во Асобал

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски ја забележа првата победа во Асобал лигата.

Синфин славеше минимално на домашен терен со 29-28 против екипата на Гвадалахара во третото коло.

Големи заслуги за триумфот и првите бодови има македонскиот бек, кој постигна четири погодоци од шест обиди и беше втор стрелец во тимот од Сантандер

Следен предизвик за Синфин и Димитриевски ќе биде натпреварот на гости против фаворизираниот Грањолерс.