Димитриевски прв стрелец во високиот пораз на Синфин

Дарко Димитреиевски продолжува со добрите игри во шпанскиот Синфин Сантандер, но на натпреварот против Нава на свој терен во рамки на 3. коло во Асобал лигата неговиот тим беше високо поразен со 25:35.

Димитриевски беше прв стрелец во составот на Синфин со четири гола и реализација од 50%. Најзаслужен за победата на гостите беше голманот Дмитри Патотски со 17 интервенции.

Нава имаше предност уште по првиот дел, но само три гола, 9:12, а во продолжението гостите на овој дуел целосно доминираа и имаа контрола на резултатот и стигнаа до убедлив триумф.

Веќе во 40. минута беше 13:20 што беше висока и недостижна негатива за Синфин. До крајот на натпреварот водството во корист на гостите достигна и двоцифрена разлика како што беше и на крајот на натпреварот.

Синфин го доживеа десетиот пораз во сезонава и останува на 14. позиција или едно место над зоната на испаѓање со три победи и две нерешени.