Димитриевски не можеше сам против некогашниот европски првак

Тимот на Синфин Сантандер каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби во натпреварот од 11 коло во Асобал лигата.

Синфин беше поразен на домашен терен од некогашниот европски првак Бидасоа Ирун со убедливи 16-34, а победникот беше решен уште по првиот дел кога гостите водеа со 7-17.

Димитриевски беше најдобар стрелец во Синфин и постигна пет погодоци од осум обиди, но немаше помош од соиграчите.

Тимот од Сантандер е во лоша серија во Асобал лигата и загуби на шест меча по ред, но играше со екипи од горниот дел на табелата.