Димитриевски не можеше сам против Барса

Тимот на Синфин, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, забележа пораз во седмото коло од Асобал лигата.

Синфин беше домаќин на гигантот Барселона, кој по победата над Нант во Лигата на шампионите, ја продолжи серијата и во Асобал, и славеше со 33-20.

Димитриевски беше најдобар стрелец во неговиот тим и успеа да постигне четири погодоци, не немаше вистинска поддршка од соиграчите.

Кај Барселона, најдобри стрелци беа крилата Јанц и Мортенсен, кои постигнаа по пет погодоци во убедливата победа.