Димитриевски и Синфин со бод на гости кај Виља де Аранда

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, освои бод на гостувањето кај Виља де Аранда во Асобал лигата, 28-28.

Иако Синфин водеше и беше пред триумф, сепак домаќините успеаја да го избегнат поразот и мечот заврши реми.

Димитриевски беше стрелец на два гола од два обиди, а доби и едно исклучување на овој натпревар.

Следен предизвик за Македонецот и неговиот тим ќе биде домашниот двобој против составот на Нава.