Димитриевски и Синфин во лоша серија, забележаа трет пораз по ред

Дарко Димитриевски и неговата екипа Синфин Сантандер влегоа во лоша серија и се без победа веќе пет натпревари, a денеска го забележа тринаесетиот пораз во Асобал лигата откако загуби на домашен терен со 23:27 од Гранољерс.

Екипата на Димитриевски имаше добро издание во првото полувреме, а во 10. минута беше 8:4. До крајот на првото полувреме Гранољерс ја преполови негативата. После 30. минути игра беше 14:12 за Синфин.

Второто полувреме им припадна на гостите. Синфин до 50. минута имаше предност, но финишот беше одлучувачки за победникот. Гранољерс со поквалитетна игра стигна до пресврт и освои важни бодови.

Дарко Димитриевски на овој натпревар постигна два погодока од пет удари, а исто така имаше и две исклучувања. Синфин во следното коло ќе има тешка задача да ја прекине лошата серија бидејќи гостува на Барселона.