Димитриевски и Емсдетен го торпедираа Ферндорф

Тимот на Емсдетен, каде што настапува Дарко Димитриевски, забележа втор триумф во четвриот натпревар од Втората Бундес лига.

Емсдетен иако губеше на полувреме со 9-13, сепак во вториот дел постигна дури 22 гола, а прими само десет и на крајот славеше со 31-23.

Македонскиот интернационалец беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна четири гола од четири обиди.

Следен предизвик за Димитриевски и Емсдетен ќе биде гостувањето кај Римпар.