Димитриевски во стандардна форма, но Синфин пак загуби

Екипата на Синфин имаше тешко гостување во Асобал лигата и на вториот натпревар сезонава претрпе нов пораз. Синфин загуби кај Куенка со 24:30.

На оваа средба Димитриевски одново имаше добра минутажа, а успеа да погоди двапати во мрежата на противникот. Тој имаше реализација од 50 проценти, а покрај двата гола зад неговото има остана запишано и едно исклучување во 41 минута.

Со овој пораз Синфин остана на 15. позиција и е во групата од пет екипи кои немаат бодови после две одиграни средби.