Дибиров: Чупиќ беше важен за Вардар, важен ѐ и за Загреб

Ракометарите на Загреб славеа на свој паркет во дерби натпреварот од плеј-офот во хрватскиот шампионат против Нексе Нашице со 30-25.

Иако гостинскиот состав беше конкурентен во првиот дел, кога беше само на гол негатива, 15-14, сепак попушти во второто полувреме.
Најефикасни на теренот беа двајцата екс ракометари на Вардар, Иван Чупиќ и Тимур ДибировЧупиќ имаше 100% реализација, 12 гола од исто толку обиди, додека Дибиров постигна четири погодоци.

Тимур Дибиров во изјава за „Спортске новости“ имаше пофални зборови за неговиот колега.

,,Чупиќ е лидер, најдобар е во најтешките моменти и тоа одлично го покажа против Нексе. Понекогаш му треба поддршка.  Сите знаеме каков карактер има и колку значи за нашиот тим. Тој беше важен за Вардар, важен е за Загреб, важен ѐ и за Хрватска. Тој е едноставно Иван Чупиќ и поминал низ толку многу нешта што сигурно најдобро знае што треба да поправи”, изјави Дибиров.

Загреб откако не обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, целосно е фокусиран на настапите од домашниот шампионат.