Дибиров: Фаќаме ритам, чекор по чекор ќе стигнеме до тоа што посакуваме

Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во текот на вчерашниот ден.

Левото крило Тимур Дибиров смета дека сите се одморени доволно и подготвени за пеколниот распоред што ги очекува особено во февруари.

„Ги наполнивме батериите, сите одморивме доволно. Сметам дека десет натпревари во февруари се многу. Сепак, за нас е подобро да имаш толку мечеви, отколку само по еден. Фаќаме ритам, пресреќни сме што конечно ќе играме во нормален распоред. Очекувам дека оваа полусезона ќе биде подобра од претходната. Чекор по чекор ќе стигнеме до резултатот кој го очекуваме и посакуваме. Мора прво да ја минеме групата, што во ваква ситуација може да биде тешко“, изјави Дибиров.

Првиот официјален натпревар за Вардар е на 28 јануари од СЕХА лигата против српскиот првак Војводина.