Дибиров: Не не интересира како – тука сме да донесеме пехар во Скопје

Во своето седмо учество на Ф4 турнирите во СЕХА лигата, Тимур Дибиров има шанса да го освои својот петти трофеј.

На шест турнири Тимур ќе игра во финале, и сега ја има повторно истата цел, да освои трофеј. Противник во финалето ќе биде Веспрем тим со кого и лани игравме во финалето на ЛШ.

„Ќе биде тежок меч, тие се апсолутни фаворити. Ние треба да покажеме се, да се обидеме да победиме. Како ќе изгледа тоа, не не интересира. Ние сме тука да донесме нов пехар во Скопје, изјави Дибиров за 24Ракомет.

По тешкиот меч со ППД Загреб во полуфиналето кога дури по изведување пенали, 30-29 (26-26, 13-16) триумфираше Вардар на играчите им останува малку време за одмор.

„Многу сме уморни, многу емоции и енергија потрошивме. Среќни сме, но и уморни. Треба да одмориме денеска да истренираме и да решиме што ќе биде. Знаете како функционира Вардар. Нашата работа е да ја пренесеме таа енергија и карактер на новите играчи, за и новите да се чувствуваат како дел од ова аекипа. Тоа е важно за нас. Одиме чекор по чекор. Сакаме во иднина Вардар да биде она што беше и претходно, вели Дибиров.

Финалето се игра во недела од 20,30 часот.