Де Толедо тргна со Баја Маре: Сега сум со девојка ми во ист град, тоа е добро за мене

Сега веќе екс-играчот на Вардар, Хозе де Толедо веќе стартуваше со својот нов клуб, Баја Маре. Тој се реши да го напушти Вардар и да се пресели во Романија поради својата девојка и вели дека е задоволен што сега е во ист град со неа.

Бразилецот минатата сезона одигра само неколку натпревари и не ги оправда очекувањата. Тој не одигра според она што сите го очекуваа, а и долго заздравуваше од повредата.

„Среќен сум и горд што сум тука. Мислам дека ова е добар избор за мене. Среќен сум што сум дел од овој проект. Навистина е предност што мојата девојка Лариса Араухо е сега со мене во Баја Маре. Тоа е многу добро и за нас и со нетрпение очекуваме да почне сезоната. Мислам дека дојдов во добра екипа и соиграчите одлично ме примија. Веќе се чувствувам како да сум дома и драго ми е што сум дел од проектот Баја Маре“, вели Толедо.

Со неговиот нов клуб нема да може да игра на нивото на кое беше со Вардар, па ова на некој начин му е назадување во кариерата.