Дејвис: Подготвени сме да се бориме против Вардар

Вардар и Веспрем ќе имаат уште еден меѓусебен дуел и тоа во финалето на завршниот турнир на регионалната СЕХА лига.

Според прикажаното во досегашните натпревари откако продолжи да се игра ракомет после паузата, Веспрем е фаворит, но финалето е посебен натпревари сè е можно.

Давид Дејвис пред финалето ги истакна очекувањата и нагласи што треба да поправи неговиот тим во однос на полуфиналето.

„Не одигравме како што требаше во првиот дел против Мешков. Целта ни е да го отвориме натпреварот многу подобро против Вардар и да одиме по победата. Пристигнавме тука добро подготвени и спремни сме да се бориме за трофејот“, рече Давид Дејвис.

Финалниот натпревар се игра во Задар во недела со почеток во 20:30 часот. Веспрем ќе се бори за својата трета титула, додека Вардар има можност да ја освои шестата титула во СЕХА лигата.