Дејвис: Не е важно дали е Вардар или Загреб, во финалето сакам само победа!

Тренерот на Веспрем, Давид Дејвис на пресот послесредбата против тимот на Мешков Брест и обезбедувањето на ново финале во СЕХА лигата.

Тој на прашање на 24 Ракомет кој тим го посакува во финалето, дали неговиот поранешен клуб Вардар или Загреб, имаше само краток одговор.

„Во финалето сакам само победа“!

Претходно коментираше и за она што момците го покажаа на теренот во полуфиналето.

„Не одигравме добро во првото полувреме. Не одговоривме тактички во овој дел како што се договаравме. Во второто полуврмее бевме подобри во нападот, Коралес одбрани неколку топки, повлековме неколку контри и тоа го реши натпреварот“, рече Дејвис.

Финалето се игра в недела од 20:30 часот.