Дејвис: Задоволен сум, но се уште мора да работиме на нашата игра

Ракометарите на Вардар се рехабилитираа по поразот од Нексе и прославија убедлива победа на гостувањето кај Војводина со 26-16 во рамките на СЕХА лигата.

Тренерот на македонскиот првак Давид Дејвис e задоволен по триумфот во Нови Сад и од играта на неговите избраници.

„Многу важен меч за нас во многу густиот распоред во февруари. Ние се уште работиме на нашата игра и тешко е да се игра без среден бек, но на крајот добар натпревар за нас. Задоволен сум бидејќи успеавме да поработиме на нашата игра“, вели Дејвис.

Десното крило Дарко Ѓукиќ вели дека овој натпревар беше добра подготвка за следните што ќе бидат уште потешки.

„Важен натпревар за нас, особено што загубивме на првиот дуел со Нексе. Претстојниот распоред ни е многу тежок, мораме да ги поправиме сите грешки. Овој натпревар беше добра подготовка за престојните натпревари“, вели Ѓукиќ.

Тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ, вели дека победата на Вардар е потполно заслужена.

„Честитки за Вардар. Второто полувреме беше клучно. Не сакам да барам алиби, но тројца наши играчи не беа во ростерот, тоа ни ја скрати ротацијата, особено што дел од играчите се рехабилитираа по корона и повреди. Одбраната не беше лоша, но во нападот мораме многу подобро во иднина“, вели Ројевиќ.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Прилеп во рамките на 19 коло од Суперлигата, додека викендов ги очекува и двобојот против Еурофарм Пелистер 2, како последна проверка пред средбата со Монпелје од Лигата на шампионите.

Вардар прими само седум гола во вториот дел и ја сруши Војводина во Нови Сад

Вардар во проблеми, се повреди Анте Гаџа