Вардар во проблеми, се повреди Анте Гаџа

Вардар славеше против Војводина во Нови Сад со убедливи 16-26 во второто коло од регионалната СЕХА лига.

Победата може да биде скапо платена, бидејќи стратегот Давид Дејвис уште во првиот дел остана без Анте Гаџа.

Хрватскиот среден бек заработи повреда на раката, и откако го напушти теренот, до крајот на мечот не влегуваше во игра.

Гаџа мечот го гледаше од клупата со мраз на раката, а за каква повреда се работи ќе се знае по враќањето во Скопје.

Вардар в четврток го чека гостување кај Прилеп во рамките на Суперлигата, в сабота домашен меч со Еурофарм Пелистер 2, додека в среда гостување кај Монпелје во Лигата на шампионите.

Потенцијалното отсуство на Гаџа би било голем проблем за Дејвис, а на располагање ги има Мартин Карапалевски и Стефан Крстевски, кои можат да покријат на средната бековска позиција.