Дејвис: Бевме подготвени за Вардар, знаевме што може да нѝ одиграат

Давид Дејвис се израдува на титулата во СЕХА лигата против својот поранешен клуб, а после 35:27 во финалето тој и момците од Веспрем имаат причина да бидат задоволни бидејќи покажаа напредок во формата.

За играта која што беше прикажана на теренот вели дека очекувал некои работи од Вардар и дека бил подготвен во целост за она што „црвено-црните“ можат да го одиграат.

„На Вардар не му беше лесно да се подготви за натпреварот со Веспрем. Времето беше многу гратко. Видов веднаш дека сакаат да не изненадат со игра седум на шест, потоа со неколку различни видови на одбрана. Меѓутоа ние бевме подготвени на сето ова така што не дозволивме да бидеме изненадени“, коментираше Дејвис.

Тоа е негов прв трофеј како прв тренер во СЕХА лигата така што конечно успеа да дојде до титула надвор од Унгарија со тимот на Веспрем.